Top Sport

Да ти „падне страв“! Симоне Верди со два неверојатни гола од слободен удар за 13 минути

Салернитана треба да направи чудо за да опстане во Серија А оваа сезона, а едно од тие чуда може да е Симоне Верди, неверојатниот 29-годишен фудбалер на Торино, кој игра како позајмен во клубот од југот на Италија.

На вечерашниот меч со Специја, тој успеа да погоди два фантастични гола од слободен удар, првиот по само три минути игра да им даде водство на домаќините, а потоа откако гостите израмнија од пенал, во 15. минута постигна уште поубав гол од поголема далечина.

Фантастично!

Scroll to Top