Top Sport

Даде два гола, па во полна опрема замина да присуствува на породувањето на сопругата

Фудбалерот на Виган, Рајан Колклоф, цел живот ќе го памети 21 ноември. Виган синоќа играше против Донкастер, а 22-годишнот напаѓач постигна два гола.

Сепак, неговата добра игра и головите не се она што приказната ја прават интересна. Колклоф во финишот на првиот дел го постигнал својот прв гол, а втор за Виган, а на полувремето во соблекувалната дознал дека започнало породувањето на неговата сопруга.

Нервозен што не е со сопругата, тој во 53. минута добил жолт картон, а пет минути подоцна го постигнал својот втор гол. Веднаш потоа побарал замена и се упатил кон болницата.

„Кога го постигна вториот гол, излезе од игра. Беше очигледно дека психички повеќе не е присутен на теренот. И ние сме луѓе, а нè има секакви. Некој би чекал да заврши натпреварот, некој би заминал уште на полувремето, а Рајан само сакаше да биде со сопругата“, рекол помошниот тренер на Виган, Лијам Ричардсон.

Колклоф, брзајќи, не се пресоблекол, во дрес и копачки влегол во болницата точно кога се родил син му.

Претседателот на клубот, Дејвид Шарп, на „Твитер“ ја објави фотографијата на Рајан, кој е во полна опрема, со својот син.

Scroll to Top