Top Sport

Даглас Кошта го уништи својот „Џип чироки“

Крилото на Јувентус, Даглас Коста бил вклучен во сообраќајна несреќа во северна Италија, објавува весникот „Ла стампа“.

Според нив, инцидентот се случил на автопатот меѓу Ливорно Ферарис и Сантија, и иако биле повикани лекари, Кошта, кој бил зад воланот на „Џип чироки“ не бил повреден. Возачот на другото возило (Фиат Пунто), 47-годишен маж бил однесен во ближната болница на лекување.

Бразилецот имаше 24 настапи за Јувентус оваа сезона, постигнувајќи еден гол и правејќи две асистенции.

Scroll to Top