Top Sport

Даглас Коста од Јуве преку Баерн во Милан?

По неславната мисија во Баерн Минхен, Јувентус наводно преговара со Милан во врска со трансфер на Бразилецот Даглас Коста на „Сан Сиро“. Баварците веќе ја информираа управата на „Старата дама“ дека нема да го откупат договорот на Бразилецот.

Коста се согласува да игра за Росонерите, но засега проблем претставува неговата голема годишна плата. Челниците на Милан се обидуваат да ги намалат „апетитите“ на фудбалерот.

Неофицијално, се работи за позајмица со право на откуп на договорот. Постои и варијанта за автоматско купување доколку фудбалерот одигра одреден број натпревари и ги исполни условите поврзани со голови, односно асистенции.

Доколку Милан го доведе Даглас Коста, најверојатно во тимот ќе нема место за Кастиљехо.

Scroll to Top