Поразот на Јуве синоќа во Удине освен што не им дозволи да ја прослават деветтата титула во низа, им донесе и други проблеми.
Имено, бразилскиот крилен напаѓач Даглас Коста (29) синоќа влезе во игра во 61 минута. Сепак, денеска имал болки и бил ставен на магнетна резонанца која покажала дека има проблем.
Коста заработил повреда на мускулот на десната нога поради што се препорачува мирување во наредните 15 дена.
Тоа значи дека за него сезоната во Серија А е завршена, тој е неизвесен и за реваншот во ЛШ против француски Лион каде Јуве има гол заостанување од првиот натпревар.
Се чини дека честите повреди го спречуваат во кариерата да го даде својот максимум. Само сезонава, во сите натпреварувања ќе пропушти дваесетина меча токму поради повредите.