Top Sport

Даглас Коста суспендиран четири меча

Бразилскиот интернационалец на Јувентус Даглас Коста доби казна од четири меча за плукање на ривалот од Сасуоло, Федерико ди Франческо, објави Серија А.

Инцидентот се случи неколку секунди пред крајот на 2:1 победата на Јувентус, откако Коста прво го удри со глава и со лакт, по што го плукна во уста противникот, подоцна тврдејќи дека бил провоциран.

24-годишниот Ди Франческо демантираше дека го навредил Коста со расистички извик, но Италијанецот го демантира тоа.

„Никогаш не сум се однесувал расистички и тоа не прилега на моите етички вредности. Некој измислува“, изјави Ди Франческо.

Даглас Коста се правда: Не знаете што ми кажа

Scroll to Top