Тренерот на Барнли, Шон Дајч, го отфрли бизарното тврдење на неговиот поранешен клупски колега од Бристол сити, данскиот напаѓач Сорен Андерсен, дека постојано јадел црви додека биле колеги и дека затоа има „зарипнат“ глас.
Англичанецот вели дека Андерсен едноставно имал „проблеми во преводот“ при една шега на тренинзите.
„Да, исто така пушам од ауспух и јадам земја за доручек. Комбинација на тие три работи го прават мојот глас ваков. Но, фер е да се каже дека не го изедов црвот. Тоа беше шега која ја правев таму, но и во Ватфорд и тука – кога црвот ти виси од устата. Сорен изгледа погрешно ги сфатил работите“, вели Дајч.