Египетскиот новинар Салах Монтасер навлече бес на навивачите на египетската репрезентација, откако во колумна му советуваше на ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах да ја избричи брадата бидејќи личи на терорист.
Монтасер ова го напиша во својата неделна колумна во државниот весник „Ал-Ахрам“, велејќи дека Салах не ја користи шансата да го промовира доволно Египет.
„Со брадата тој се става во ист кош со екстремистите и терористите“, е логиката на Монтасер.
Египетските фанови луто реагираа на оваа колумна, бидејќи очигледно се работи за ускратување на личната слобода на фантастичниот голгетер.
Со 33 гола во 42 настапи за Ливерпул оваа сезона, Салах ја искористи сезоната 2017/18 да стане вистинска ѕвезда.