Top Sport

„Дали Мурињо бил голман? Гуглајте!“

Прес-конференциите на Јирген Клоп секогаш се интересни за новинарите. Пред натпреварот со Тотенхем, покрај неизбежните теми кој е „посебен“, а кој „нормален“, Германецот со бирани зборови говорел за колегата Жозе Мурињо.

„Мурињо е менаџер од светска класа, со посебен стил и начин на размислување. Секогаш сакам да го победам и многу го почитувам. Секогаш се обидува на најдобра начин да ја искористи ситуацијата во кој се наоѓа неговиот тим. Така работат вистинските менаџери“, рекол Клоп.

„Добро е што ние двајца не играме. Ние на теренот испраќаме два тима и наше е играчите да го спроведат на дело она што сме го замислиле. Мислам дека ние сме исклучителна екипа против која во овој момент никој не сака да игра. Натпреварите со Тотенхем никогаш не се лесни“.

На прашањето дали бил подобар фудбалер од Мурињо, Клоп рекол дека не знае и се заинтересирал на која позиција играл Мурињо.

„Дали бил голман?“, прашал Клоп.

На ова прашање никој од присутните не го знаел одговорот. Тогаш Клоп дополнил.

„Не сум јас виновен ако вие не знаете. Дали некој има идеја на која позиција играл Жозе? Јас мислам дека бил голман. Гуглајте“.

Некој се сетил дека Мурињо бил голман на некаков хуманитарен меч.

Кога портпаролот му рекол на Клоп дека немаат време за такви прашања, тренерот на Ливерпул рекол: „Јас имам време. Гуглајте“.

На крајот не го добил одговорот што го барал.

Scroll to Top