Top Sport

Дали Муса Сисоко намерно го погоди Нуно?

Муса Сисоко немаше најдобро деби за Вотфорд, откако против неговиот поранешен клуб Тотенхем, загубија со 1:0, но навивачите се уверени дека ветеранот намерно со топка го погоди Нуно Еспирито Санто, човекот кој го продаде ова лето.

Во првото полувреме, по еден дуел со Деле Али, по кој топката излезе од теренот, тој од многу блиску ја шутна топката директно во Нуно. Иако веднаш се извини, многумина сметаат дека ова беше намерен гест против тренерот.

Нуно му кажа на 32-годишниот Французин дека не смета на него оваа сезона, и тој веднаш беше продаден на Вотфорд во еден од првите трансфери кои ги направи португалскиот тренер.

Scroll to Top