Top Sport

Дали некогаш му се случило вака? Роналдо со лудо промашување од белата точка

Кристијано Роналдо тие кои не го почитуваат честопати го нарекуваат „Пеналдо“ поради бројот на сигурни голови кои ги дава од удари од 11 метри, меѓутоа на вечерашниот дуел од ФА купот против Мидлзборо, успеа да промаши цел гол.

Еден ден пред неговиот 37. роденден, Португалецот доби шанса во 20. минута да донесе водство за Манчестер јунајтед, кога Пол Погба беше соборен во шестнаесетникот на второлигашот.

За среќа на „ѓаволите“, само пет минути подоцна Џејдон Санчо ги донесе во водство со убав удар – погледнете го тука.

Scroll to Top