Секој потег на Кристијано Роналдо се „анализира“ детално од италијанските медиуми, кои веруваат дека тој полека се збогува со Јувентус со своите постови на Инстаграм.
Уште вчера, тој порача дека „остварил цел која ја поставил“ пред пристигнувањето во Италија со освојувањето на скудетото, Копа Италија и индивидуалната награда за најдобар играч и за најдобар стрелец во „фудбалската земја“.
Ова беше сфатено како порака дека ЦР7 ги остварил сите цели со Јуве и дека сега му е потребен нов предизвик, посебно откако беше оставен на клупата на последниот меч од сезоната, 4:1 победата над Болоња со која Јуве обезбеди место во ЛШ.
Попладнево, Кристијано повторно се јави на Инстаграм, со моментот во кој ја добива наградата за најдобар играч во лигата. „Благодарам на сите“, гласеше пораката.
View this post on Instagram