Top Sport

Дали Жиру ја прекина „клетвата“ на „деветката“ во Милан?

Навивачите на Милан се сигурни дека францускиот ветеран Оливие Жиру стави крај на „клетвата“ на дресот со бројот 9, откако постигна 10 гола во 22 настапи оваа сезона.

По пензионирањето на Филипо Инзаги во 2012 година, дури десет играчи имаа шанса да го носат овој број во Милан, а ниту еден од нив не успеа да направи нешто повеќе. Кшиштоф Пјонтек, Гонзало Игуаин, Андре Силва, Џанлука Лападула, Луиз Адријао, Фернандо Торес, Матија Дестро, Алесадро Матри, Александре Пато и Марио Манџукиќ го имаа дресот пред да го добие Жиру.

Французинот има четири гола во последните два меча, помагајќи да се стигне до пресврт-победата над Интер во градското дерби, и елиминацијата на Лацио во Копа Италија. Интересно, сите 10 гола тој ги постигна на „Сан Сиро“, иако головите против Интер се сметаат како да се на „гостински“ терен, бидејќи Интер беше домаќин во мечот.

Scroll to Top