Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, добил неморална понуда од неименуван кинески клуб, пренесуваат хрватските медиуми.
Далиќ, по големиот успех што го постигна со хрватска на Светското првенство ги одби сите понуди што пристигнаа на негова адреса, а прашање е дали ќе може да ја одбие и последната што ја добил изминатите денови.
Неименуван кинески клуб му понудил договор на три сезони и плата од осум милиони евра на годишно ниво и самиот да го формира својот стручен штаб.
Далиќ ќе мора брзо да реши што понатаму, бидејќи Кинезите ќе чекале одговор до крајот на неделата.
Инаку, по Светското првенство, Далиќ потпиша нов три годишен договор со Фудбалскиот сојуз на Хрватска.