Фудбалската репрезентација на Хрватска, вечерва, ќе одигра еден од најважните натпревари во својата историја, истото важи и за репрезентацијата на Русија.
Хрватите во 1998 година играа во полу-финалето, а на крајот завршија на третото место на Светското првенство во Франција, додека Русите немаат позначаен резултат, со исклучок на полу-финалето на Европското првенство во 2008 година.
Двата тима со нетрпение го очекуваат почетокот на мечот во Сочи, а селекторите веќе ги соопштија составите.
Хрватска: Субашиќ – Врсаљко, Ловрен, Вида, Стриниќ – Ракитиќ, Брозовиќ – Ребиќ, Модриќ, Перишиќ – Манџукиќ
Русија: Акинфеев – Марио Фернандеш, Кутепов, Игнашевич, Кудрашјов – Зобнин, Кузаев – Самедов, Головин, Черишев – Дзјуба