Хрватскиот селектор Златко Далиќ им порача на навивачите да го заборават Марио Манџукиќ и да мислат на иднината, откако напаѓачот на Јувентус се повлече од националниот дрес по Светското првенство во Русија.
Оттогаш Хрватска има постигнато само еден гол во три меча, вклучувајќи го 0:0 ремито против Англија во петокот, откако прво загубија со 6:0 од Шпанија..
„Не е типично за нас да не постигнуваме голови два натпревари во низа, но мораме да го заборавиме Манџукиќ, бидејќи тој веќе не е со нас. Тој ја направи својата одлука, мораме да ја почитуваме и да бараме други решенија“, вели Далиќ.
Против Англија, Хрватите имаа малку среќа – Ерик Дајер и Хери Кејн ја погодија рамката на голот, а Маркус Рашфорд имаше две фантастични шанси во второто полувреме. Мечот се играше без публика како казна за нацртаната свастика на стадионот во Сплит.
„Бевме подобри од претходниот меч, но не е лесно да се вратиш по таков тежок пораз. Не е лесно да се игра на празен стадион и се надевам дека последен пат го правиме тоа“, вели Далиќ.
Фото: ЕПА
Без публика и без голови во Риека, Лукаку донесе победа за Белгијците (видео)