Top Sport

Далиќ веќе се согласил да ги преземе Фенербахче?

Во моментите додека хрватската репрезентација се бореше за „опстанок“ на ЕУРО 2020 во мечот со Чешка, од Турција се појавија шпекулации дека тој веќе се согласил да стане нов тренер на гигантот Фенербахче.

Според турските медиуми, Далиќ веќе преговарал со претседателот на клубот Али Коч и ќе го преземе клубот од Истанбул од 1 јули, по крајот на настапите на Хрватска на ЕУРО 2020.

Далиќ на СП во Русија во 2018 го направи најголемиот успех во историјата на хрватскиот фудбал со пласманот во финалето (каде што загубија од Франција со 4:2), по што го продолжи договорот со репрезентацијата. Претходно тој работеше со Риека, Динамо Тирана и Славен Белупо.

Scroll to Top