УЕФА и ФИФА одлучно реагираа на војната во Украина. Двете најмоќни фудбалски организации целосно го блокираа рускиот фудбал. Го исклучија клубовите и репрезентациите од натпреварувањата кои се под нивна ингеренција.
Најголем дел од спортската јавност ја поздрави оваа одлука, но има и луѓе кои не се согласуваат со одлуките на УЕФА и ФИФА. Пензионираниот судија, Дами Скомина, жестоко ја критикуваше одлуката, со образложение дека ФИФА и УЕФА не се однесуваат исто кон сите. Смета дека уште некои држави заслужуваат исти санкции како што доби Русија.
И покрај тоа не ги именуваше, од неговата изјава се наслутува дека дека мисли на САД и Израел.
„Не подржувам војна, не го поддржувам она што ги убива луѓето, голема штета е што фудбалот се вплетка во политиката. Ако ја исклучија Русија, тогаш ФИФА и УЕФА мора истото да го направат со државата која повеќе од 20 години врши агресија на Блискиот исток и на ционистичката држава кој одзема земја и убива луѓе во Палестина“, напишал Скомина на својот профил на „Инстаграм“.
Дамир Скомина беше еден од најдобрите европски судии. Во кариерата судел на европско и светско првенство, го судел финалето во Лигата Европа, Ајакс-Манчестер јунајтед во 2017 година. Круна на неговата кариера е финалниот меч во Лигата на шампионите во 2018 година, помеѓу Тотенхем и Ливерпул.