Top Sport

Дани Алвес, доктор за трофеи

ПСЖ, вчера и теоретски ја обезбедија шампионската титула во домашниот шампионат, а искусниот десен бек Дани Алвес влезе во фудбалската историја. Бразилецот стана фудбалер со најмногу освоени трофеи во историјата. На првото место тој го мина Хосам Хасан, Алвес освоил 42, а Хасан трофеј помалку.

Најмногу трофеи, Алвес освоил со Барселона, дури 23, пет пат на пехарите се радувал како Играч на ПСЖ и Севилја, четири титули освоил со репрезентацијата на Бразил, три со Баија и два со Јувентус.

Нов трофеј Алвес ќе има можност да освои на 27 април, кога со ПСЖ ќе игра во финалето на Купот, пртив Рен.

Дани Алвес во кариерата има одиграно 770 натпревари и постигнато 54 гола.

Scroll to Top