Бразилскиот репрезентативец Дани Алвеш повторно го привлече вниманието на јавноста, откако отворено говорел на актуелни теми поврзани со ПСЖ.
Алвеш рекол дека футбалот повеќе не се игра од љубов и страст кон играта, туку дека се игра поради пари.
„Фудбалот полека го губи оној сјај што ме инспирираше да станам играч, спортист. Денешниот фудбал е бизнис. Фала му на Бога што моите деца не сакаат фудбал. Се помалку и помалку уживам во фудбалот“, рекол Алвеш.
Бразилецот вели дека во ПСЖ дошол бидејќи верувал во проектот, а сега мисли дека не заработува доволно.
„Дојдов во Париз поради проектот. Затоа што луѓето кои ме ангажираа веруваа во мене. Сепак чувствувам дека парите што се вложени во мојот ангажман, не одговаараат на мојата витинска вредност.“
Кога Алвеш дава интервју невозможно е барем едно прашање да не е поврзано со неговиот голем пријател Нејмар.
„Луѓето мислат дека Нејмар е марионета. Не! Тој е само дете што расте. Се уште се развива, не е доволно зрел за да знае како да се носи со одредени проблеми. Кога ќе научи да ги игнорира неважните работи тогаш ќе му биде многу подобро. Мора да се посвети на нешто друго. Нејмар мора да еволуира“, рекол десниот бек на ПСЖ.
За состојбата во ПСЖ вели:
„Екипата нема енергија која ги поврзува луѓето. Нема никаква хемија. Тоа веднаш се гледа на теренот. ПСЖ во моментов е процес на транзиција. Мора малку да пати, бидејќи процесот ќе трае, многу е тешко да се создадат хармонични односи во тимот“, истакнал пораншниот фудбалер на Севилја, Барселона и Јувентус.