Пред неколку дена светот на фудбалот беше шокиран од бруталното убиство на бразилскиот фудбалер Даниел Кореа. Сега, се знае убиецот – бразилскиот бизнисмен Едсон Бритес Жуниор.
Бритес Жуниор тврди дека 24-годишниот фудбалер се обидел да ја синува неговата сопруга во градчето Сао Жозе дос Пињаис, по што тој брутално го претепал, го кастрирал и за малку ќе му ја отсечел главата. Бритес вели дека треба да се знае и неговата верзија.
„Кога ја отворив вратата, го видов над мојата жена, а таа врескаше за помош. Го направив тоа што би го направил секој човек за секоја жена во Бразил. Тоа можеше да биде вашата ќерка, вашата мајка, вашата сопруга. Во тој момент тоа беше мојата сопруга, Крис, со која сум во брак 20 години, жената на која и го посветив животот“, вели Бритес.
Сопругата на Бритес и нивната ќерка Алана, на чија роденденска забава се случил инцидентот, се задржани од полицијата.
„Мојата сопруга никогаш немаше ништо со Даниел, ниту мојата ќерка, и вистината ќе се покаже. Го направив тоа што го направив, но мислам дека многумина од вас би го направиле истото за да го задржите моралниот интегритет на вашето семејство“, додава Бритес.
Полицијата не потврдува дали Кореа сексуално ја нападнал Кристина Бритес, но на неговиот телефон пронашла порака во која тој на свој пријател му велел дека „сака да ја изеде мајката на славеничката“.