Top Sport

Данкан Фергусон по цела „вечност“ си замина од Евертон

Помошниот менаџер на Евертон, легената на клубот, Данкан Фергусон си заминува од клубот со амбиции да стане тренер. 50-годишниот Шкотланѓанец, кој работеше со седум различни менаџери на „Гудисон Парк“, двапати беше привремен менаџер на Евертон, во декември 2019 и во јануари 2022.

Од 1994 до 2006 година, тој имаше 273 настапи и 73 гола за „карамелите“, по што од 2014 година почна да работи во клубот, прво одговорен за академијата на Евертон.

„Ова беше многу тешка одлука, но морам да тргнам напред во нов чекор во мојата кариера. Периодот во кој бев преоден менаџер само ја зголеми мојата самодоверба. Клубот беше фантастичен со мене, ме поддржуваше цело време. Евертон оди во вистинска насока по тешката сезона. Со Френк Лампард како менаџер, ќе бидеме многу подобри“, изјави Фергусон.

Scroll to Top