Фудбалската репрезентација на Данска се наоѓа во фаза на распаѓање само 45 дена по завршувањето на Светското првенство, каде Данците оставија добар впечаток и беа елиминирани во осмина-финалето од Хрватска, дури по изведувањето на пенали.
Данска, оваа недела треба игра против Словачка контролен натпревар, а потоа ќе се сретне со Велс во Лигата на Нации, меѓутоа ниту еден од 23.повикани фудбалери не го прифатил повикот на селекторот Аге Харејде.
Проблемот е спорот што фудбалерите го имаат со Фудбалската сојуз на Данска поради спонзорскиот договор со компанијата „Хумел“.
Од оваа компанија имале намера да ги искористат најдобрите дански фудбалери во својата промотивна кампања, меѓутоа речиси сите го одбиле повикот бидејќи имаа спонзорски договори со други производители на спортска опрема.
Вчера бил одржан уште еден состанок помеѓу челниците на Сојузот и претставниците на синдикатот на фудбалерите, меѓутоа не бил постигнат никаков договор.
Поради тоа од Фудбалскиот сојуз се решиле на невообичаен чекор и испратиле покани за настап во репрезентацијата само на фудбалери што настапуваат во данските клубови. Тие добиле рок до денес, до 15 часот, да се изјаснат дали го прифаќаат повикот или не.
Данска во среда треба да гостува во Словачка, а в недела ќе игра против Велс во Лигата на Нации. Доколку не успеат да ја соберат репрезентацијата, Данците ќе бидат жестоко казнети од УЕФА.