Top Sport

Дардер го реши малото каталонско дерби (Видео)

Фудбалерите на Еспањол забележаа победа во Џирона (2.1), во првиот меч од 31 коло во Ла Лига. Малото каталонско дерби го реши Дардер, кој ги постигна двата гола за Еспањол.

Дуелот на екипите што се наоѓаат во долниот дел од табелата не донесе речиси никакви возбудувања во првиот дел. Ву Леи, Кинезот од Еспањол, два пати се закани, но неговите удари беа неуспешни.

Многу поинтересно беше второто полувреме, во кое беа постигнати три гола.

Сеџи Дардер го отвори резултатот во 59 минута. Играчот на Еспањол неодбранливо биеше од работ на шеснаесетникот.

Џирона израмни од пенал, откако ВАР системот пресуди дека играч на Еспањол играл со рака пред својот гол. Кристијан Стуани сигурно го реализираше пеналот.

Конечниот резултат го постави Дардер во претпоследната минута кога со помош на голманот Боно погоди за победа. Дардер неодбранливо биеше од 30 метри.

Еспањол по овој меч има 38 бода и се наоѓа на 13 место на табелата, додека Џирона е на 14 место со 34 бода. Инаку, Џирона има четири порази на последните пет натпревари.

Scroll to Top