Top Sport

Дарио Бенедето на полувреме претепал соиграч во соблекувалната

Дарио Бенедето предизвика скандал во Аргентина откако на полувремето го претепа својот соиграч во соблекувалната, јавуваат медиумите во Јужна Америка.

Искусниот 32-годишен напаѓач неодамна се врати во Бока од Европа каде играше за Марсеј и Елче.

На мечот на Бока со Расинг на теренот мина 69 минути, а по завршувањето на натпреварот заврши во полиција.
Причина за ова е тепачката на полувремето, кога го нападнал соиграчот од одбраната Карлос Замбрано. Бенедето почнал расправија со соиграчот, по завршувањето на првото полувреме, додека оделе кон соблекувалната. Кога влегле во соблекувалната започнал да ги удира со тупаници, на крајот соиграчите успеале да ги разделат.

Неверојатно е што двајцата играчи останаа на теренот второто полувреме, тренерот Уго Ибара не гледал причина да ги замени.

Погледнете како изгледаше Замбрано по враќањето на теренот.

Scroll to Top