Top Sport

Дарко Миланич седнува на клупата на Динамо Загреб?

Динамо Загреб освои нова титула во Хрватска, а тренерот Анте Чачиќ кој дојде во период кога пехарот беше неизвесен, најверојатно нема да остане на клупата на „модрите“.

Дербито со Хајдук вчера го следел словенечкиот тренер Дарко Миланиќ, кој сега е главен кандидат за клупата на Динамо. Ова значи дека македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски повторно ќе добијат нов шеф на стручниот штаб.

Поранешниот тренер на Приморје, Горица, Марибор, Штурм, Лидс, Слован и Пафос, е во сериозни преговори со Динамо, но тоа не значи дека Чачиќ ќе го напушти „Максимир“. Тој треба да се пресели од клупата во канцеларија како спортски директор.

Scroll to Top