Матео Дармијан инсистира дека четиригодишниот престој во Манчестер јунајтед бил искуство кое би го повторил и покрај тоа што ретко добиваше шанси во „ѓаволите“ пред трансферот во Парма.
Италијанецот имаше само 92 настапи во четири сезони со Јунајтед, од кои лани само во седум меча по што го загуби местото и во италијанската репрезентација. Но, бекот е задоволен од искуството и благодарен за шансата која ја добил.
„Беше лесно да се потпише за Манчестер јунајтед. Да се носи толку важен дрес беше одговорност и гордост. Повторно би ја направил истата одлука. Професионалецот мора да ги прифати одлуките на тренерот и мораш да работиш напорно за да бидеш подготвен. Ја избрав Парма бидејќи сакав да играм и клубот навистина ме сакаше. Се чувствувам како дома“, вели 29-годишниот Дармијан.
Benvenuto Matteo! ???#Darmian #ForzaParma ?? pic.twitter.com/XcjgzEAPDC
— Parma Calcio 1913 (@1913parmacalcio) September 6, 2019