Top Sport

Давид Луис сака од Челси да оди во Арсенал, „сините“ не даваат дозвола

Фудбалскиот клуб Арсенал би можел во последните часови од преодниот рок во Англија да заврши две големи работи.

Според пишувањето на медиумите во Франција, бразилскиот дефанзивец Давид Луис (32) сака да го напушто Челси и да премине во Арсенал, додека за трансферот на Фелипе Кутињо од Барса кај „топчиите“ (се споменува едногодишна позајмица) се шпекулира веќе два дена. Сепак, во врска со Кутињо се појавија и информации дека би можел сезонава да ја помине во Тотенхем.

„Л`кип“ пишува дека Луис на сите начини се обидува да си замине од „Стемфорд Бриџ“, но и „сините“ не сакаат да го пуштат во северен Лондон.

Пред 3 години, Бразилецот во последниот ден од преодниот рок, на изненадување на многумина за 35 милиони евра премина од ПСЖ во Челси, а сега можно е слично сценарио.

Информациите се дека „топчиите“ му испратиле конкретна понуда, а колку е бразилскиот ас одлучен да си оди од Челси говори и фактот што денеска одбил да тренира со клубот под водство на Френк Лампард.

Трансфер рокот во Англија завршува утре во 17 часот.

Scroll to Top