Top Sport

Давид Луиз доби седум конци на главата, одигра полувреме, па сам возеше до дома

Навивачите на Арсенал не беа задоволни од однесувањето на нивниот клуб откако Давид Луиз одигра цело полувреме по сериозниот удар на главата со напаѓачот на Вулверхемптон Раул Хименез, по што од клубот го пуштиле сам да оди дома.

Луиз и Хименез се судрија со главите на почетокот на првото полувреме, по што Мексиканецот доби фрактура на черепот и заврши во болница, додека Бразилецот Луиз доби конци на лице-место и продолжи да игра, пред на полувреме да го повлечат од игра.

Според клупскиот доктор, Гери О’Дрискол, еден од најдобрите англиски стручњаци за потреси на мозокот, Луиз не ја загубил свеста и немал повреда, така што немало потреба да се примени протоколот при потрес на мозокот. Затоа, тие го пуштиле сам да си оди дома со автомобил со порака дека ако му се слоши треба да им се јави!

Scroll to Top