Играчот на Манчестер сити, Давид Силва, потврдил дека наредната сезона ќе биде последна за него во дресот на „граѓаните“.
Силва (33) во 2010 од Валенсија пристигна во Манчестер сити. Со „граѓаните“ освоил четири трофеи во Премиер лигата и Лига купот, односно по два во ФА купот и Суперкупот на Англија.
„Ова ќе ми биде последната сезона во Сити. Десет години се доволно“, порачал поранешниот шпански репрезентативец.
Давид Силва има одиграно 395 натпревари за Манчестер сити, постигнал 70 голови.