Top Sport

Давид Силва со емотивно збогување со шпанскиот дрес

Асот на Манчестер сити, Давид Силва и официјално се збогуваше со шпанскиот репрезентативен дрес, откако го изведе почетниот удар на пријателскиот меч на Шпанија против Босна и Херцеговина во неговиот роден град, Лас Палмас на Канарските Острови.

Со својот син Матео во рацете, популарниот „Ел маго“ беше поздравен од домашната публика и доби посебно признание од УЕФА. Инаку, синот Матео беше роден предвреме и оваа година Силва и семејството неколку пати стравуваа за неговиот живот.

Силва во кариерата имаше 125 настапи за Шпанија, постигна 35 голови и освои две европски титули и една светска титула.

Scroll to Top