Top Sport

Давид Виља обвинет за сексуално вознемирување

Давид Виља најдобриот стрелец во историјата обвинет е за сексуално вознемирување. Наводно додека бил играч на Њујорк сити, Виља, секој ден вознемирувал вработена која стажирала во клубот.

Прославениот фудбалер, светски и европски првак со Шпанија, ги негирал обвинувањата. Њујорк сити на официјалната интернет страница објави дека започнале истрага по повод овој случај.

Виља најдобрите денови во кариерата ги имаше во Барселона, освои две титули во Шпанија и една во Лигата на шампионите. Со голем успех настапуваше и во Валенсија и Атлетико Мадрид.

За шпанската репрезентација постигнал 59 голови.

Scroll to Top