Top Sport

Давиде Калабрија од Милан станува „црвен ѓавол“?!

Скаутите на Манчестер Јунајтед и на Евертон според информациите од Италија, синоќа биле во Верона, каде Милан гостуваше кај Киево во Серија А. Според британските медиуми, биле таму за да го следат настапот на 22 –годишниот Италијанец, Давиде Калабрија.

Италијанецот сметаат дека би бил идеална замена за Антонио Валенсија во Јунајтед.

Договорот на Калабрија со Милан е до јуни 2022 година, а оваа сезона досега имаше 27 настапи на кои имаше по еден гол и асистенција. Трансфермаркет неговата актуелна вредност ја проценува на околу 20 милиони евра, а претпоставките се дека Милан за да го пушти да замине од „Сан Сиро“ и побарал барем 30 милиони евра.

Со синоќешните три бода за Милан од Верона, тимот е на третата позиција на табелата, место кое води во квалификациите за ЛШ.

Scroll to Top