Top Sport

Де Брујне: Има многу пари и емоции, но сезоната треба да биде прекината

Асот на Манчестер сити, Кевин де Брујне смета дека Премиер лигата не треба да ја продолжи сезоната и дека најдобро решение е сезоната на да биде поништена, нешто со што сигурно нема да се согласат ривалите од Ливерпул и нивните фанови кои 30 години чекаат титула, а сега имаат 25 поени предност пред „граѓаните“.

Фудбалот во Англија е официјално прекинат до 30 април поради корона вирусот, што значи дека сезоната ако продолжи ќе треба да се игра и по 1 јуни. Де Брујне, кој има 8 гола и 16 асистенции во Премиер лигата оваа сезона, смета дека доколку се врати фудбалот по толку долга пауза ќе има криза на повреди меѓу фудбалерите. Фудбалската лига на неговата татковина, Белгија, веќе одлучи да стави крај на сезоната, прогласувајќи го Бриж за шампион.

„Не знам дали ќе играме повторно оваа сезона. Паузата трае веќе шест недели, а обично се потребни подготовки од три до четири недели пред стартот на мечовите. Ако започнеме веднаш тоа значи дека многумина ќе се повредат во првите неколку натпревари. Знам дека има многу пари вклучено и многу емоции, но мислам дека доколку не го направиме тоа ќе имаме големи проблеми и следната сезона. Нема да има долга летна пауза и тоа ќе биде проблем за сите, за фудбалерите и за клубовите“, вели Де Брујне.

Scroll to Top