Ерлинг Халанд е тип на фудбалер каков што Манчестер сити постојано бараше под Пеп Гвардиола, вели неговиот нов соиграч Кевин де Брујне.
Норвежанецот пристигнува на „Етихад“ од Борусија Дортмунд за 51 милион фунти со репутација како еден од највозбудливите напаѓачи на денешницата, и како „деветка“ пополнува празнина во англискиот шампион која е тука по заминувањето на Серхио Агуеро.
„Ерлинг Халанд е врвен напаѓач. Неговиот трансфер треба да ни помогне да растеме како тим и сите нормално, очекуваат многу. Секогаш сме барале ваков фудбалер, вистинска деветка. Мислам дека ќе биде добро да имаме фудбалер кој може даде над 20 гола секоја сезона“, вели Де Брујне.