Кевин Де Брујне ќе го пропушти натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите, во кој Манчестер сити ќе игра против Динамо Загреб.
Белгиецот се повреди во понеделникот поради што не тренирал, а денес стигна потврдата дека тој поради повреда на препоните нема да биде во протоколот за овој натпревар.
Деталните тестови и прегледи ќе покажат дали Де Брујне ќе биде подготвен за натпреварот в сабота против Вулверхемптон. Доколку го пропушти и овој натпревар тогаш Де Брујне нема да биде во конкуренција ниту за натпреварите на Белгија против Сан Марино и Казахстан.