Top Sport

Де Фрај ги тужи поранешните агенти

Дефанзивецот на Интер, Стефан де Фрај ја обвини својата поранешна агенција „Спорт ентертејнмент груп“ (СЕГ) дека нелегално се збогатила на негова сметка.

29-годишниот Де Фрај е блиску до заминување од Милано, бидејќи неговиот договор завршува во 2023 година, а нема шанси за продолжување, бидејќи дефанзивецот бара повисока плата. Покрај ова, тој ја тужи својата поранешна агенција „СЕГ“ и ќе има сослушување во Амстердам во февруари.

„СЕГ“ наводно заработиле 7.5 милиони евра од трансферот на Де Фрај во Интер – за секоја половина сезона во Милано, агенцијата заработувала 200.000 евра, а бидејќи имаат и договор за 7.5 отсто од неговите трансфери, целосната исплата ќе биде околу 15 милиони евра.

Де Фрај го раскинал договорот со „СЕГ“ кога дознал за овие исплати и сега бара отштета на суд.

Scroll to Top