Top Sport

Де Фрај од Интер и судијата Калварезе – глава со глава (видео)

Необична сцена се случи на синоќешниот премиерен натпревар од 15. коло во Серија А меѓу Интер и Рома (мечот заврши 0-0) одигран на „Џузепе Меаца“ во Милано.

Судијата на мечот, Џанпаоло Калварезе и фудбалерот на Интер, Стефан де Фрај жестоко се судрија глава со глава, но за среќа двајцата поминаа без посериозни последици.

Де Фрај се враќаше во одбрана, па налета директно на судијата и дојде со судирот. По кратка пауза, мечот продолжи.

Scroll to Top