Давид де Хеа вели дека е потребно да ги преводи Манчестер јунајтед назад на врвот на англискиот и европскиот фудбал и да почне да освојува титули со „ѓаволите“.
27-годишниот голман ја нема освоено Премиер лигата од последната сезона на Алекс Фергусон во 2012/13 со утешни титули од Лигата на Европа, ФА купот и Лига купот, а шпекулациите велат дека Реал Мадрид уште не се откажал од „потерата“ по Шпанецот. Реал од друга страна има две титули од Лигата на шампионите во низа, со шанси да освои трета едноподруго.
Де Хеа вели дека фокусот е кон Јунајтед и кон освојувањето на титулите, почнувајќи со финалето на ФА купот против Челси следниот месец.
„Играм добро, самодовербата е на високо ниво, но мора да го задржам нивото и да освојувам титули. Тоа го прават играчите од светска класа“, вели Де Хеа во интервју за „Дејли мејл“.
Јунајтед немаат најдобри резултати по заминувањето на Фергусон, и пред оваа сезона немаат подобар пласман од четвртото место. Де Хеа верува дека со Жозе Мурињо (кој изјави дека нема шанси Шпанецот да биде продаден) може да се вратат на врвот.
„Под Ван Гал беше чудно. Четвртото место не е доволно, сакам да победувам. Во Јунајтед ни е потребен тренер со победнички менталитет. Го имавме тоа со Фергусон, го имаме тоа со Мурињо. Тој сака да победи на секој натпревар. Навистина ми требаат титули, а мораме да го вратиме Јунајтед на врвот – да станеме англиски шампиони, да се бориме за европска титула“, објаснува Де Хеа.
Фото: ЕПА