Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа, истакнал дека е неприфатлив начинот на кој што „црвените ѓаволи“ играат оваа сезона. Јуанјтед по осум кола се наоѓаат на 12 место во Премиер лигата со само девет освоени бода.
Манчестер Јунајтед вчера го доживеаја третиот пораз во првенството. Во Њукасл екипата што ја предводи Оле Гунар Солскјер загуби 1-0.
„Не знам што да кажам“, рекол Де Хеа по поразот од Њукасл.
„Ова ми се најтешките моменти откако сум овде. Не знам што ни се случува. Два натпревари не можеме гол да постигнеме. Ова е неприфатливо. Не зборувам само за овој натпревар туку за целата сезона“.
Давид Де Хеа неодамна го продолжи својот договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2023 година.
Манчестер Јунајтед го бележат најлошиот старт во историјата на Премиер лигата (од 1992 година), а последен пат толку лоши резултати клубот бележел во 1989 година, кога по осум кола на контото имал осум бода.