Top Sport

Де Хеа сака иста плата како Алексис Санчез

Давид де Хеа е подготвен да ја обврзе својата иднина со Манчестер јунајтед на долги патеки, но само ако управата на клубот му понуди подобрен договор со плата еднаква со таа на Алексис Санчез, јавува британскиот „Дејли рекорд“.

Шпанскиот голман е на „Олд Трафорд“ од 2011 година кога дојде од Атлетико Мадрид  и има валиден договор до 2019 година, а сите во клубот очекуваат тој да остане. Тој е подготвен да го направи тоа, но сака понуда со која ќе заработува слични пари како најплатениот фудбалер на „ѓаволите“, Алексис Санчез од неверојатни половина милион фунти неделно.

Со ова се зголемува притисокот на потпретседателот на клубот, Ед Вудворд, кој покрај конфликтот со менаџерот Жозе Мурињо, мора да внимава на своите фудбалери чии договори завршуваат наскоро. Де Хеа, Антонио Валенсија, Ешли Јанг, Андер Ерера, Хуан Мата, Крис Смолинг, Фил Џонс, Лук Шо, Матео Дармијан и Антони Марсијал имаат валидни договори само до крајот на сезоната, така што следната сезона или ќе гледаме еден сосема поинаков Јунајтед, или тимот ќе мора да ги задоволи барањата на играчите.

Scroll to Top