Top Sport

Де Хеа: Сите го следат примерот на Кристијано

Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа потврдува дека иако Кристијано Роналдо е само еден месец на „Олд Трафорд“, веќе се чувствува неговото влијание во однесувањето на целиот тим.

„Неговото влијание веќе е кај сите. Неверојатно е да го пречекаме дома, каде што веќе е легенда на клубот. Сите фудбалери, посебно младите, се чувствуваат одлично покрај него во теретаната, и учат како тој го третира своето тело, како внимава и како работи. Се работи за неверојатен фудбалер и сите добиваме навики од него“, вели Де Хеа.

Роналдо е познат по својот неверојатен режим на исхрана од шест оброци дневно (на 3-4 часа), неверојатна фитнес-дисциплина и напорна работа. Минатиот месец резервниот голман на Јунајтед, Ли Грант открива дека неговите соиграчи веќе не земаат десерт на вечерите и сите внимаваат што има во чинијата на Португалецот.

Scroll to Top