Клубовите од Манчестер, Јунајтед и Сити, најмногу ги плаќаат своите фудбалери. Блиску до овие клубови е и Арсенал иако клубот во последните години никако не успева да се пласира во Лигата на шампионите.
Платите во Премиер лигата се на неделно ниво, а прв на листата е голманот на Манчестер Јунајтед Давид Де Хеа. Шпанецот има неделна плата од 370.000 фунти, што на годишно ниво изнесува речиси 20 милиони фунти. Де Хеа е еден од најдобро платените фудбалери во светот.
Следуваат „граѓаните“ Кевин Де Брујне (320.833 фунти) и Рахим Стерлинг (290.000 фунти).
Втор на листата беше Месут Езил со неделна плата од 350.000 фунти, меѓутоа тој реши дел од неговата плата да оди кај маскотата на Арсенал, па според новите пресметки неделно тој од клубот добива 268.750 фунти. Според овие податоци маскотата на Арсенал неделно заработува 80.000 фунти. Поради тоа челниците на Арсенал решија да и дадат отказ на маскотата, меѓутоа Езил со својот џентлменски потег ја задржа во клубот.
Новиот играч на Арсенал Томас Парти од клубот доби неделна плата од 260.000 фунти, што е за 10.000 фунти повеќе од најдобриот играч Пјер-Емерик Обамејанг. Иста плата како Габонецот од Арсенал има и Ентони Марисјал (Манчестер Јунајтед).
Зад ни се Серхио Агуеро (Манчестер сити, 230.135 фунти) и Герет Бејл (220.000 фунти).
Новиот играч на Манчестер Јунајтед Единсон Кавани неделно инкасира 210.000 фунти, а ѕвездата на Тотенхем Хари Кејн и голгетерот на Ливерпул Мохамед Салах имаат неделни приходи од 200.000 фунти.