Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа вели дека на неговите соиграчи добро им доаѓаат „многу интензивните“ тренинг-сесии под новиот менаџер Ралф Рангник, објаснувајќи дека тие одговориле со „енергија и брзина“.
Последните два меча на Јунајтед, против Брентфорд и Брајтон беа откажани поради КОВИД-19, а по враќањето во тренинг-центарот во Керингтон, тие се подготвени за продолжување на сезоната.
„Одлично е, конечно целиот тим да тренира заедно, и секако, да видиме дека сите се во добро здравје. Тренираме напорно, секако. Многу е интензивно, секоја тренинг сесија, секој момент со Рангник е интензивен. Под него мора да дадете 100 отсто на секој тренинг, на секој меч. Ова е само почеток, поминаа само неколку недели, така што ќе видиме што ќе се случи во иднина. Тимот тренира со енергија, брзина и моќ, и сега треба да го покажеме тоа во големите натпревари“, изјави Де Хеа.