Top Sport

Де Јонг и Де Лихт се неразделни – и на шопинг одат заедно!

Френки де Јонг и Матијс де Лихт се двајца млади фудбалери на Ајакс кои подолго време го привлекуваат вниманието на фудбалските фанови, и сега останува да се види дали двајцата соиграчи од Ајакс ќе останат неразделни и следната сезона.

Девојката на Де Лит, Анеки Моленар на Инстаграм сподели фотографија на која двајцата фудбалери се заедно на шопинг со легенда: „Тие дури и во продавница одат заедно“, покажувајќи дека пријателството е силно.

Дали така ќе биде следната година, иронично, зависи од Барселона. Де Јонг веќе потпиша договор со каталонскиот гигант, додека 19-годишниот Де Лихт, кој е капитен на Ајакс, е на „радарот“ на повеќе европски клубови, секако, вклучувајќи ја и Барселона.

Scroll to Top