Top Sport

Де Јонг планира да остане во Барселона „барем уште 10 години“!

Френки де Јонг инсистира дека планира да остане во Барселона барем уште една деценија и покрај тоа што постојано е поврзуван со трансфер од каталонскиот клуб, кој се обиде да го продаде во текот на летото.

25-годишниот Де Јонг беше главна цел на Манчестер јунајтед во текот на летниот преоден рок, но и покрај поготвеноста на Барса да го продаде поради неговата превисока плата, тој одбиваше да си замине од „Ноу Камп“ и сега вели дека нема таква намера.

„Среќен сум во Барселона. Кога играм, се чувстувам фантастично, а за самиот живот во градот, таму е совршено. Се гледам во Барселона што е можно подолго. Лично би сакал да бидам таму барем 8 до 10 години. За тоа што се случуваше во текот на летото се виновни луѓето од хиеархијата на Барселона. Но, тие не ги гледам кога сум во клубот и не влијаат на мојот личен живот. Еден ден беа објавени деталите за договорот, а јас не го направив тоа, така што мораа да бидат од нивната страна. Тоа не беше океј, но никогаш не почувствував дека тренерот Чави е против мене“, вели Де Јонг за „Де телеграф“.

Scroll to Top