Френки де Јонг открива дека бил под голем притисок да си замине од Барселона ова лето од претседателот Жоан Лапорта, по трансфер-сагата која траеше цело лето и по која Холанѓанецот остана на „Ноу Камп“.
Манчестер јунајтед, под неговиот поранешен тренер Ерик Тен Хаг, го имаа Де Јонг како прва цел во летниот преоден рок, но тој упорно повторуваше дека сака да остане во Каталонија. Јавно, Лапорта изјавуваше дека сака Де Јонг да остане, но посочуваше дека мора да добие намалување на платата бидејќи клубот му должи над 20 милиони евра во неисплатени плати. Во интервју за холандскиот „Зиго спорт“, Де Јонг ја откри приказната.
„Бев смирен, бидејќи во мај решив дека ќе останам. Моето мислење не се смени во текот на целото лето. Но, тогаш почна да доаѓа притисокот. Од весниците, од претседателот… Всушност, од сите страни. Но, тоа не ми пречеше“, вели 25-годишниот Де Јонг.
Во новата сезона, пак тој има само три меча како стартер во Ла лига, откако Чави Ернандез ги преферира Гави и Педри во средниот ред, додека во Лигата на шампионите има само еден старт.
„Знаев дека Чави ќе ми даде помалку минути на стартот на сезоната, но сакам пак да сум стартер. Против Баерн не бев, се надевам дека ќе бидам против Реал Мадрид“, вели Де Јонг.