Top Sport

Де Јонг вети дека ќе остане во Барса: Ова е клуб од моите соништа

И покрај тоа што шпекулациите за трансфер во Манчестер јунајтед не поминуваат ниту по речиси цела година, Френки де Јонг уште еднаш вети дека ќе остане во Барселона, посочувајќи го како клуб од соништата и најавувајќи долг престој на „Ноу Камп“.

Де Јонг ја игра четвртата сезона во Барселона и останува со верба во клубот, иако во текот на летниот преоден рок тие се обидува да го „протуркаат“ трансферот во Јунајтед, а потоа почнаа преговори за менување на условите на неговиот договор. Оваа не му пречи на Холанѓанецот.

„Барса секогаш била клуб од моите соништа, и токму затоа се надевам дека ќе продолжам тука многу години. Имаме добра сезона во Ла лига, но не толку добра во Европа, но тимот се движи напред. Имаме добра предност пред Реал Мадрид, но има уште многу да се игра. Ова е четврта година и ја немам освоено лигата и тоа е главната цел“, вели Де Јонг, кој оваа сзона има 23 настапи во Ла лига.

Scroll to Top