Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лурентис, истакнал дека неговите играчи, за разлика на нивните колеги од Ливерпул, се среќни што имаат можност да живеат во Неапол, а не во Ливерпул.
Контроверзниот функционер, пред мечот со ПСЖ, истакнал дека животот во Ливерпул е здодевен, бидејќи таму нема што да се види.
„Дали можете да си замислите да шетате секој ден низ Ливерпул? Во тој град постои само куќата на Битлси…Во Париз има многу работи што можат да се видат, но климата не е како онаа во Неапол. Мораш да бидеш лудак па да не си среќен во Неапол“, истакнал за „Парисјен“, Де Лаурентис.
За фудбалерите на Наполи рекол дека тие треба само да уживаат во престојот на југот на Италија.
„Имам прекрасен поглед на Рим, но секогаш би го менувал за куќа во Неапол, би ја менувал и куќата што ја имам во Лос Аџелес. Фудбалерите на Наполи имаат обврска само да тренираат, потоа цел ден се слободни. Ги плаќаме да се забавуваат, слободни се во идеална ситуација“.
Де Лаурентис е познат по честите критики што ги упатува кон своите ривали. Лани, потегот на ПСЖ да плати 222 милиони евра за Нејмар го нарече „вулгарен“, изминатите месеци жестоко го критикуваше поранешниот тренер Маурицио Сари, а пред десетина дена без докази рекол дека Црвена ѕвезда „ќе биде исфрлена од Лигата на шампионите поради нечесните работи што ги направиле во Париз“.