Top Sport

Де Лаурентис: Пирло нека си ја гледа својата работа

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис го нападна тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, порачувајќи му да се држи до својата работа откако тој се пожали за успешната жалба на Наполи околу службениот 3:0 пораз од „бјанконерите“.

Наполи ја добија жалбата пред Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ) за тоа што не отпатуваа во Торино за мечот на 4 октомври откако нивни двајца фудбалери имаа позитивен тест на КОВИД-19. Тие првично беа казнети со 3:0 службен пораз и еден поен, но сега ќе мораат да го преиграат мечот. Пирло ги нападна Наполи велејќи дека не е проблем да се игра мечот, но дека му е жал за тимовите кои имаа и по повеќе позитивни случаи и мораа да играат фудбал. Де Лаурентис не остана покус.

„Пирло треба да си ја гледа својата работа и да се концентрира на својот тим. Тој вели дека секој тренер си го брани својот тим, но тој не е ниту адвокат, ниту ги познава процедурите. Одлуката беше погрешна и ЦОНИ го поправи тоа“, вели Де Лаурентис.

Scroll to Top